Под влијание на циклонот АЛЕН кој постепено ја зафаќа нашата држава во текот на денешниот ден ќе имаме повеќе облаци над македонското небо а има услови и за слаб локален дожд, во вечерните часови пак како и во текот на ноќта кон недела особено во западните предели ќе има повремени врнежи од дожд кој утре ќе се прошират насекаде и локално ќе бидат поинтензивни и проследени со појава на грмежи.
Локално во текот на утрешниот ден не се исклучува можноста и за поинтензивни атмосферски процеси кој има услови да бидат застапени во форма на невреме со појава на град и засилен ветер. Ќе започне да дува јужен и југоисточен ветер кој особено во источните предели, должд Повардарието како повремено и во Скопскиот регион ќе биде засилен по интензитет. Денес максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени додека утре истите ќе се искачат во интервалот од 15 до 22 степени во најтоплите региони од државава.
Поради спуштање на значително постудена воздушна маса во вечерните часови и ноќта понеделник кон вторник како и во вторник ќе започне да дува засилен северен ветер што ќе услови значителен пад на температурите па така на планините врнежите од дожд ќе поминат во врнежи од снег. Најсвежо преку ден ќе биде во понеделник кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени додека пак во среда наутро ќе биде значителн о постудено и на места температурите на воздухот ќе се спуштат под нулата односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени додека на високите планини ќе биде уште постудено со што има услови и за појава на мраз на некои места токму поради разведрувањето во најголем дел од државава и стабичлизирање на атмосферата.
За време на овој циклон локалнпо се очекува и позначително количество на воден талог и тоа од 20 до 30 л/м2 додека ширум регионот тоа ќе биде значително поголемо со што има услови за локални поплавувања.
Подготви: Славчо Попоски за 1тв