Јосип Броз Тито (1892 – 1980), доживотниот претседател на СФР Југославија по*инал на денешен ден пред 39 години.
Тито по*инал во 15:05 часот во недела на 4ти мај на 88-годишна возраст во болница во Љубљана.
Во моментот на објавата на тажната вест на стадионот „Плљуд“ се играла 43та минута од фудбалскиот натпревар меѓу Хајдук и Црвена Ѕвезда, која водела со 1:0.
Точно во 19:12 часот на терен влегол еден човек и дал знак на судијата Нусреф Мухаремагиќ да го прекине натпреварот. Потоа играчите се собрале околус удијата на средината на теренот, а околу 50.000 гледачи на трибините останале во шок.
На изненадената публика и играчите преку разглас им се обратил претседателот на Хајдук и претседател на Извршниот совет на Сплит Анте Скатаретико кој ја соопштил веста за смртта на претседателот Тито и ги повикал сите приустни со минута молчење да му одадат почит.