Германија ја изненади снег: Студен бран оди кон југот

ИЗВОРСкопје24
|

Во делови на Германија паднал ситен снег, само месец и пол пред официјалниот почеток на летото.

Тенка снежна покривка утрово ги дочекала жителите на планината Харц во централниот дел на земјата, на висина од околу 700 метри.

Германската метеоролошка служба соопштила дека студениот бран ќе се поместува кон југ и ќе потрае до понеделник, со снег на Алпите чија висина ќе достигне 20 центиметри, а ќе донесе и ноќни температури под нула.

Падови на температурите и мраз кон средината на мај не се невообичаени во Германија.

Меѓу народот таа појава се припишува на деновите на “ледените светци” – христијанските маченици, кои паѓаат меѓу 11-ти и 15-ти мај.

Видео од снежната покривка погледнете ОВДЕ.