Предлог дестинации за ова лето: Ова се најубавите грчки острови (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Грција има еден од најубавите брегови на светот, и може да се пофали со околу 6.000 острови. Овојпат ви ги претставуваме некои од најпознатите медитерански острови – Кос, Крит и Миконос.

Кос
Островот Кос се наоѓа во близина на турскиот брег (оддалечен е четири километри) спроти заливот Гокова. Највисокиот врв на овој остров е Дикаио (843 метри). Островот прво го населиле Карињаните од малоазиското копно. Благодарение на Хомер, знаеме дека еден дел од Кос учествувал во Тројанската војна. Историјата на овој остров била многу бурна, а него го покорувале многу народи (Отоманското Царство, Римското Царство, Млетечката Република), а трагите од минатото и денес привлекуваат бројни туристи од целиот свет.

Крит
Интересно е тоа што, островот Крит е петти по големина во Средоземното море. На него се развила Минојската цивилиазција (од прилика од 3.000-та година пред нашата ера до 1400-та година пред нашата ера), една од најстарите во Европа. Освен наследството од античкото време, тука се наоѓа и Венецијанскиот дворец во Ретину, Самаријската клисура и многу многу други помали падини (Агиа Ирини, Арадена и така натаму).

Миконос
Овој остров е најпопуларен меѓу младите туристи. Дел е од Киклада и се наоѓа помеѓу островите Тинос, Сирос, Парос и Наксос. Денешниот Миконос е еден од најпознатите космополитански туристички одредници во Грција, заради разновидниот ноќен живот, големиот број на барови и ноќни клубови, но и преубавите песочни плажи.