ВИДЕО: Папата не му дозволи на Заев да му ја бакне раката

ИЗВОРСкопје24
|

Папата Франциск пристигна на скопскиот аеродром, а таму беше пречекан од претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев.

Во моментот кога премиерот Заев тргна да му ја бакне раката, папата не му дозволи.

Видеото ОВДЕ.

Дека тој не дозволува и ја извлекува раката постојано кога некој ќе се доближи кон него уште еден доказ е и снимката на која се гледа како папата Франциск упорно ја повлекува дланката за да избегне верниците да го бакнат прстенот на раката е најновиот предмет на судир меѓу конзервативната и прогресивната струја во Римокатоличката црква.

Откако е објавена снимката, која е направена во текот на посетата на италијанскиот град Лорето, се огласија и критичарите и приврзаниците на папата.

Конзервативниот католички сајт „Лајф сајт њуз“, кој често го критикува папата, го опиша овој настан како “вознемирувачки“ во насловот на текстот, во кој пишува за долгата историја на прстените кои папата ги носи и нивното значење.

„Франциск, ако не сакаш да бидеш пратеник на Христос, оди си одовде“, се наведува на твитер сајтот на „Rorate caeli”, кој воглавно го читаат католичките традиционалисти.

Од друга страна, папскиот биограф Остен Иверејг им порачал на твитер дека папата Франциск се обидува да воспостави однос со верниците, а не спрема него да се однесуваат како спрема “света реликвија“, пренесува „Гардијан“.

„Тој е пратеник на Христос, не римски цар“ – порачал Иверејг.

Со него е согласен и језуитскиот свештеник Русел Полит, кој смета дека е крајно време да се престане со бакнувањето на прстените на бискупот.

„Тоа едноставно е смешно и нема никаква врска со традицијата. Тоа е воведено од монархијата“ – изјавил Полит.\

Видео: Инфомакс