Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск, во рамки на историската посета на нашата држава, Северна Македонија, пред Светата Литургија со која чиноначалствуваше на плоштадот „Македонија“, беше и во спомен домот на Мајка Терета каде се поздрави со голем број на верници и негови почитувачи.
Во златеста облека, внимателно избрана за оваа пригода, со големи очила и турбан на главата, менекенката Дунавка Трифуновска денес токму таму дојде да го види папата Франциск.
Откако успешно се проби во толпата кај Спомен куќата на Мајка Тереза, и дојде до него, почна драмата. Од тоа да го допре за рака, до желбата да се слика со него, до таму што го удираше папата Франциско за да направат селфи.
Погледнете го видеото на Репортер: