И Гордана Силјановска Давкова беше на миса кај папата (ФОТО)

|

Папата денеска одржа миса на плоштадот пред голем број граѓани – верници од земјава, но и странство, почесни гости, македонскиот државен врв, љубопитни граѓани, кој таму беа за да видат една светски позната личност. Упати порака за за мир, соживот, за поголема љубов кон Бога и кон луѓето, а откако мисата заврши католичните верници имаа можност да се причестат.

На скопскиот плоштад, мисата на папата Франциск ја следеше и Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на Македонија, која беше поразена во неделните избори од Стево Пендаровски.

Папата Франциск на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија „Вила Водно“, беше пречекан од Претседателот Ѓорге Иванов.

Во вилата присуствуваше целиот државен врв, а меѓу нив и новоизбраниот претседател Стево Пендаровски. Обраќањето на папата го слушаа и лидерите на политичките партии, а пред неговото обраќање пред присутните се обрати и претседателот во заминување Ѓорге Иванов. Но покрај нивните говори, медиумите ги забележаа и модните изданија на сопругите на тројцата значајни фигури во нашата држава кои го прекршија протоколот со тоа што носеа пократки зголништа.

Непочитување на дрес-кодот при спредба со папата Франциск денес покажаа сопругите на премиерот Зоран Заев, претседателот во заминување Ѓорѓе Иванов и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тие на средбите со папата се појавија во кратки здолништа, со голи нозе, што е недозволено според правилата на Ватикан.

Дрес-кодот на Ватикан, во продолжение: