До сабота иако атмосферата ќе биде малку постабилна сепак не се се исклучува можноста за локален краткотраен пороен дожд и грмежи особено во попладневните часови додека пак температурите ќе бележат тенденција на пораст и во сабота ќе бидат највисоки кога ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени.
Од недела нашата територија ќе биде под влијание на новиот изразен циклон АНДРЕА кој ќе услови поинтензивни врнежи од дожд (локално над 30 л/м2 воден талог), локално пак ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
На некои места пак се очекува развојот на нестабилноста да биде ИНТЕНЗИВЕН и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења како и со појава на град кој би можел да биде и интензивен. Од недела па натаму температурите повторно ќе бележат тенденција на опаѓање.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја додека пак овчарите своите стада овци да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.
Силно невреме од викендов па натаму се очекува и во регионот.
Подготви: Славчо Попоски за 1ТВ