Јелена Карлеуша иако се вратила на обврските во Ѕвездите на Гранд, сеуште не е опоравена од ненадејната см*т на нејзината мајка.
Имено по губењето на својата мајка Јелена е константно на лекови, за да може да функционира, а наводно тие лекови ги земала на своја рака, па почнала да чувствува последици и посетила психијатар за да и препише нова терапија.
„Јелена се обиде да биде јака по смрт*а на нејзината мајка и од една страна во тоа успеа. Се труди да биде опкружена само од позитивни луѓе, се врати на работните обврски за да поминува помалку време сама и се труди што повеќе време да поминува со ќерките Атина и Ника. Меѓутоа од кога се случи семејната трагедија, она цело време користела лекови за смирување, за да нема чести промени на расположението. Во почетокот тие лекови и помагаа но подоцна почнаа да се појавуваат нуспојави“ , раскажа добро информиран извор, кој додаде дека Карлеуша на своја пријателка и кажала дека од лековите што ги пие не се чувствува добро, и дека сака да побара стручна помош.
Она наводно дури кога ја нападнала својата пријателка дека ги открива сите нејзини тајни, сфатила дека тоа се чести напади и промени на расположение токму од лековите кои ги пие.
„По заминувањето на психијатар сите се смирија, а најмногу нејзината тетка Даниела која стравуваше дека лековите можат да и ја влошат психичката состојба. Јелена признала дека на психијатар отишла поради нејзините ќерки, бидејќи тие и се најбитни“, заврши изворот.