Што ручаше Папата во Скопје -на менито беше еден скромен македонски десерт

ИЗВОРСкопје24
|

Папата Франциск по свечената миса на плоштадот се упати на ручек во католичката резиденција на Водно, како гостин на скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монсињор Киро Стојанов.

Освен што папата Франциск беше послужен со најдобрите македонски вина од винарницата „Стоби„, тој ги вкуси и најубавите македонски традиционални јадења.

Како главен готвач на Папата Франциск е Мирко Рагуса, кој на својот Фејсбук профил напиша дека е голема честа да се биде готвач на поглаварот на Римокатоличката црква.


Како што можевме да забележиме на неговиот Фејсбук профил, Мирко е исто така сопственик на Villa Ragusa Vodno.

Папата инаку ручаше телешки мускул, пилешко со ориз и трилече.