За оваа реченица зборуваше цел свет: Познато е што и шепна Хари на Меган пред да го покажат бебето

|

Принцот Хари и неговата сопруга Меган, вчера на светот му го покажаа своето бебе.

Изгледаа прекрасно и беа среќни. Подоцна го соопштија и името на бебето, кое ќе се вика Арчи.

Но, светските медиуми вчера објавуваа видео во кое јасно се гледа дека пред да застанат пред камерите, Хари со шепотење кажува нешто на Меган.

Тина Ланин која е професионалец во читање на зборови од уста откри која реченица ја изговори принцот во овој момент.

„Погледни го, баш е мирен. Одиме“-рекол Хари.

При соопштувањето на името тие споделија и фотографија од малото бебе во друштво на неговите мајка и татко, кралицата Елизабета Втора, принцот Филип, како и мајката на Меган.

Стручњаците за говор на телото инаку веднаш откако Меган и принцот Хари го покажаа новороденото бебе го проучуваа нивниот прв однос во јавноста со бебето.

Па така светските медиуми пренесуваат дека Џуди Џејмс тврди дека говорот на тело на Меган открива дека таа се однесува заштитнички и дека имала блага несигурност околу покажувањето на бебето во јавноста.

-Кога Меган ја употребила фразата „моите две најдобри момчиња“ таа природно мислела за сопругот и синот. Принцот целото време го држел бебето нежно гледајќи го, а во еден момент и му ја подигна капата на главата. Целото време Меган седела до него и му давала мајчинска поддршка и охрабрување, смета Џејмс.

Таа додава дека Хари делувал доста самоуверено додека го држел бебето. Многу други машки членови од кралското семејство ги држат своите потомци како да држат скапа вазна, додека тоа не било така со Хари.

-Додека си заминуваа Меган го потапша Хари по грбот со што на некој начин покажа дека тој е добар татко кој се грижи за нив. А потоа и го фатила за рака што значи дека таа сега се чувствува како заштитничка на двајцата.