Урбаната легенда која ја следи една од омилените детски песнички е морбидна. Кое дете не пеело „ринге, ринге, раја“ и не се вртело во круг со насмевка? Кога би знаеле што значи тоа можеби не би се ни смееле.
Детската песна „Ринге, ринге, раја“ со години е една од песните кои децата весело ја пеат, држејќи се за раце, и потскокнувајќи во круг. Потекнува од Лондон во Велика Британија каде што се пеела уште во 17-от век, поточно во 1665-та или 1666-та година кога црната чума ја покосила Англија. Според урбаната легенда, нејзиното значење всушност се поврзува со црната чума, која во тој град однела повеќе од 68000 животи.
На англиски песничката изгледа вака:
Ring-a-ring o’ roses,
A pocket full of posies,
A-tishoo! A-tishoo!
We all fall down.
Cows in the meadows
Eating buttercups
A-tishoo! A-tishoo!
We all jump up.
Во превод звучи вака:
Направи круг од ружи,
Џебовите наполни ги со цветови,
А-пчих! А-пчих!
Сите паѓаме.
Кравите на ливада
Јадат билки.
А-пчих! А-пчих!
Сите скокаме!
Ринг, на англиски јазик значи прстен или круг, а “ring of roses“, прстен од ружи кој ги означува првите симптоми на црната чума, црвените кругови на кожата.
Цветот од песната има посебно значење. Ружата ги симболизира симптомите од црната чума, џебовите полни со цветови се носеле како заштита од таа болест, а билките традиционално се користеле како лек против воспаление, температура, иритација на кожата… Праксата на носење на цветовите и нивното поставување околу заразените луѓе за заштита, опишано е во изразот „џебовите наполни ги со цветови“, а пепелта всушност е асоцијација на кивањето или имитацијата на звукот од кивањето на заразениот човек. Зборовите „сите паѓаме“, значеле см*т.