Светскиот тренд на давање отказ со музика се пренесе и во регионот. Имено, еден работник од Србија стигна во една медиумска куќа со трубачки оркестар и натпис „Давам отказ“.
Снимката многу брзо стана хит на социјалните мрежи.
Инаку, овој човек е Никола Немешевиќ, познат како Немеш. Се прослави во регионалното шоу „Големиот брат“, каде беше во врска со омажена жена.
Поранешниот учесник во реалното шоу Големиот брат повторно е во центарот на вниманието кога во фирмата во која до неодамна работеше, даде отказ и тоа со плех музика!
https://twitter.com/intelektualnost/status/1125400213320011776?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1125400213320011776&ref_url=https%3A%2F%2Fvistina.com.mk%2Fzivot-i-stil%2Fdade-otkaz-so-pomosh-na-trubachi-se-proslavi-na-balkanot-po-vrskata-so-omazena-zena-a-sega-e-hit-na-internet-video%2F
Имено Немеш прво снимил што се случило претходниот ден кога според него сопственичката на фирмата ги малтретирала колегите и него. Ова бил негов начин да им се одмазди.
Вчера сопственичката на фирмата во која работам беше неверојатно груба кон моите драги колеги и кон мене заради еден мал пропуст кои го имавме и тоа не беше изолиран случај. Јас нема да работам за луѓе само затоа што мислат дека ако некого плаќаат можат да го навредуваат и понижуваат, па решив дека ова повеќе не е за мене и од денес максимално ќе се посветам на музиката, а потоа под дуксерот го покажа натписот на кој стоеше „Давам отказ“.