Некои сами се виновни за својата љубовна несреќа, а на некои пак тоа им е запишано во ѕвездите.
Ако постојано преминувате од една во друга лоша врска или пак никако не успевате да пронајдете партнер, можеби сте родени во некој од овие четири хороскопски знаци кои едноставно немаат среќа во љубовта.
Рак
Иако ги бие глас како највнимателни партнери во зодијакот, Раковите немаат среќа во љубовта и тоа воглавно поради своја вина. Кога ќе се заљубат, подготвени се на таа личност да ѝ пружат сè, па поради тоа што често избрзуваат и остануваат повредени и со скршено срце.
Девица
Еднаш кога ќе се изгорат, Девиците стануваат многу внимателни и не се впуштаат во врска додека не се потполно сигурни дека некој нема да им го скрши срцето. Но, поради таа своја претпазливост од страв да не бидат повредени, Девиците се во состојба да ја пуштат да им „замине“ пред очи љубовта на својот живот.
Јарец
За разлика од споменатите хороскопски знаци, кои сами себе се „кочат“ во пронаоѓање на љубовта, Јарците обично имаат проблем со лош период и често запознаваат вистинска личност во погрешно време или обратно.
Риби
Наивните Риби имаат премногу доверба во луѓето, поради што често завршуваат во врска со погрешен човек, кој воопшто не им одговара. Тоа најчесто резултира со скршено срце, а обично не извлекуваат никаква лекција од пропаднатите врски и продолжуваат да ги прават истите грешки.