Факт е дека во последно време многу луѓе се иселуваат од Босна и Херцеговина, во потрага по подобар живот.
Скандинавските земји отсекогаш важеле за „рај“, поради високите примања и добрата социјална политика, па уште во времето на СФРЈ им биле омилени на нашите иселеници.
Меѓутоа, сè се менува, па и тој позитивен тренд, а две жени со потекло од БиХ откриле колку се променил норвешкиот „рај“ во изминатите неколку години.
Тие веќе подолго време живеат и работат во Норвешка како помошен персонал во кујна на еден старечки дом на одредено време, бидејќи ги заменуваат постојаните работници додека тие се на боледување. Оваа работа ја извршуваат веќе неколку години.
„Некогаш работам полно работно време, некогаш не, зависи, воглавно 75 отсто е постојана работа. Платата која ја добивам е околу 2.500 евра. Од таа сума се одбива данок за државата 35 отсто, за осигурување и за придонес за пензија. На рака добивам околу 1.700 евра“, вели соговорничката за порталот „Byka“.
„Е, сега, од тоа се издвојуваат пари за стан и за струја, стан со една спална соба е 500 евра, износот за телефонот зависи од тоа колку го користите, а јас многу го користам.“ Вели дека поради тоа што живее сама, досега не можела да добие кредит за купување стан.
„Оние кои се во заедница, воглавно купиле нешто со помош на кредит, бидејќи заработуваат по две плати и отприлика месечно издвојуваат по околу 1000 евра за рата. Становите во Норвешка се скапи, особено оние во големите градови – тука цените почнуваат од речиси 270.000 евра па нагоре. Условот за добивање кредит е учество во износот со 15 отсто“, истакнува соговорнчката.
„Стандардот е висок, но високи се и цените. Па така, еден килограм месо чини отприлика 15 евра, млеко е 2 евра“, вели соговорничката за порталот. Најинтересни се секако ноќните излегувања.
„Ако одлучиш да се напиеш пиво или вино во градот, тоа ќе те чини 9 евра, пијалок е 25,5 евра… Норвежаните ретко излегуваат во центрот. Една кутија цигари е околу 13 евра“, нагласува таа.
Градинката чини околу 250 евра, има детски додаток кој изнесува околу 127 евра, а ако жената е сама, тогаш добива двојно. Во случај на развод, мажот мора да плаќа алиментација од околу 300 евра.
„Но, кога сè ќе се собере и одземе, не можам да се пожалам тука“, заклучила таа.