Ѝ го украл срцето од прва – нема кој не се разнежни кога Цеца сподели неговата фотографија

ИЗВОРСкопје24
|

Светлана Цеца Ражнатовиќ на својот Инстаграм профил сподели семејна фотографија, која ги воодушеви фановите.

Пејачката објави фотографија од својот син Вељко кога бил мал.

Тој во раце држи сладолед, има шешир на глава, а многумина оваа фотографија им измамила насмевка на лицето.

Ќерката на Цеца пак, Анастасија Ражнатовиќ, иако сакаше да ја сокрие својата врска од јавноста и медиумите, сепак се издаде. Нејзиниот избраник сам ги предизвика медиумите да биде мета на нив.

Имено младата пејачка Анастасија веќе подолго време ужива во врската со Ѓорѓе Кулиќ кој е богат бизнисмен од Нови Сад.

Наследничката на Цеца покрај себе има многу згодно момче, што се покажува и преку неговата фотографија која исплива во социјалните мрежи.

Тој во моментов ужива во Бразил, а на фотографијата од плажа го покажа своето совршено тело, погледнете.

Анастасија веќе и влезе во музичките води и со своите две издадени песни направи вистински бум на балканската сцена. Нејзината мајка, Цеца Ражнатовиќ, е горда на својата наследничка после успехот кој го постигна со своите внимателно избрани песни.

Пејачката со една порака се огласи на Инстаграм па ја охрабри својата наследничка да продолжи само напред , но даде до знаење и на сите дека вооопшто не и помогнала во изборот на песни и дека Анастасија сама е заслужна за она што и се случува.

Не сакав да ти се мешам додека работеше на песната и видеото. Те оставив сама да направиш се. Ти дадов само совет за песната. Пораките кои што ги добивам со денови и она што го гледам ме прават да бидам најгордата мајка на светот. Те сакам бескрајно, браво девојко, напишала Цеца.

Песната погледнете ја во продолжение: