Доколку некој досега ви кажал дека „вистината ослободува“, тогаш веројатно е роден во овој хороскопски знак.
Станува збор за знакот Овен.
Иако важат за егоцентрични, груби, па дури и агресивни, Овните ги краси една од најважните доблести на човекот, а тоа е искреноста. Тие своето време никогаш не го трошат за измислување на приказни затоа што на крајот излегува дека вистината е наједноставниот пат затоа што тие не сакаат да се разочараат себе, но ни другите луѓе.
Многумина мислат дека Овните се строго искрени затоа што сакаат да ги повредат другите, меѓутоа тоа не е вистина.
Нивниот нагон за зборување на вистината е вроден и тие сметаат дека секоја лага е глупава и беспотребна.
Можеби некогаш ви е драго да ја слушнете само убавата верзија на некоја приказна, но доколку веднаш ја дознаете целата вистина, подоцна нема да ве шокираат непријатни изненадувања и веднаш ќе знаете на што сте – тоа е всушност целта на искрените Овни.