Извинување до Министерот за Надворешни работи Никола Димитров

ИЗВОРСкопје24
|

Почитувани,

На ден 08.05.2018 година од страна на нашиот информативен веб портал Скопје24 беше превземена вест од порталот Магазин.мк со наслов – ,,Никола Димитров во јуни “си бега”од земјата на која и го смени името”. Оваа информација ги прекршува правилата за точно известување, застапување на втората страна воедно е и навредлива.

Длабоко се извинуваме за пренесување на оваа неточна информација, доведувањето во заблуда на читателите и нарушување на угледот на министерот Димитров.

Нашиот веб портал Скопје24 веднаш го објави демантот за истата а првичната дезинформација е избришана во целост од нашиот сајт и Фејсбук профил.

Со почит,

Информативна редакција на Скопје24