Одлично осветлување, прекрасна изведба, моќен глас – втората проба на Тамара Тодевска за Евровизија 2019

ИЗВОРСкопје24
|

На втората проба Тамара и нејзиниот тим кој ја придружува на Евровизија повторно се покажаа одлично, а на официјалниот евровизиски сајт беа објавени фотки и видео од изведбата.

Облечена во смарагдно зелениот фустан, застана на сцената со едноставно, но моќно осветлување, додека во позадина имаше сегменти од видео-спотот и нејзината ќеркичка.

Инаку како што пишувавме и претходно после првата проба, бележиме скок од три места според обложувалниците за нашата овогодишна претставничка Тамара Тодевска со композицијата Proud.

Пратечки вокали се Александра Јанева, Васил Гарванлиев и Антониа Гиговска. Првата полуфинална вечер е на 14-ти мај, втората на 16-ти и финалната на 18-ти мај.