Македонскиот актер Кирил Поп Христов наскоро ќе се остави и во улогата на дедо. Неговата ќерка Јоана е во осмиот месец од бременоста и го очекува своето прво дете заедно со сопругот со кој неодамна се омажи во Еквадор.
Кили во интервју за „Ексклузив“ откри дека новиот член на семејството ќе биде момче и дека ќе носи две презимиња, односно презимето на мајката мајката и презимето на таткото, како што налагаат обичаите во Еквадор. Кили се враќа на својата љубов – театарот, а на прашањето на водителката која улога ја очекува, тој се насмевна и одговори дека следна ќе му биде улогата на дедо.
Откако Гордана и Кили преку социјалните мрежи открија дека нивното чедо се омажи, Гоца почувствува потреба повторно да се огласи на својот профил и да опише во какво семејство се омажи нивната Јоана.
Другари мили, фамилијата на зетот ни е традиционална и живее по сите старо еквадорски правила: многу љубов, поврзаност, многу деца, среќа е тоа што го имаат, едноставен живот. Јоана ја прифатиле како да е нивна. Им припремиле забава за младенците во нивниот стил, сестрите на зетот спремиле храна, торти и го украсиле локалот со сета љубов и грижа. Прекрасни луѓе, фала!, напиша Гордана во статусот.
На социјалните мрежи се појави и видео од нивниот прв танц. Видеото погледнете го ТУКА.