Неа ја познавате како женски македонски фитнес модел, тренер и мотиватор, кој веќе одредено време живее во Обединетите Арапски Емирати. Марија Нацева својот живот го посветила на нејзината професија која бара таа постојано и целосно да биде посветена само на себе и на својот изглед. Ова можеби звучи малку себично, но кога градиш кариера од тој тип, тогаш принципите во секојдневието те носат само кон едно: здрав начин на живот, многу физичка активност и здрава исхрана.
И по сето ова, се наметнува прашањето: Каде е тогаш во здравото тело, здравиот дух? Има ли време за некакви други духовни активности, интелектеуален ангажман, уметност, па и забава?
Марија токму деновиве докажа дека не е само „челична дама со планина мускули“.
Имено, нашата позната фитнес бикини амбасадорка во Дубаи тоа утро се разбуди рано, па замина да го прифати предизвикот за да си го проба и оној другиот талент, поврзан со уметничкиот порив, откако ја прифати поканата на „Артист Палс“ да си ги покаже ликовните квалитети на дело. Ново, но чудесно искуство за неа.
Марија седна на столчето ја зема четкичката в рака, а фитнес справите и теговите ги замени со кистот и боите и секако белото растегнато платно пред неа, на кое требаше „да се роди“ уметничко дело!
Како што времето одминуваше, работата напредуваше… иако се’ уште далеку од финално уметничко дело! Но, полека и трпеливо, како што вежеба по вежба се реди и затега секое мускулче, така боја по боја, потег по потег повлечен со четкичката и уметничкото дело на Нацева полека го добиваше својот финален облик.
Како и да е Нацева покажа дека кај неа физичката снага и естетика на торзото се во непосредна спрега со менталната сила, талентот и духовниот порив за уметност!
Вистина.мк