Животот на Маршалот Јосип Броз Титот се уште е топ тема во регионот. Интересно е што малкумина знаат дека маршалот се опуштал со виски старо 20 години и пушел цигари од Хавана, а кога е храната во прашање, тој не бил многу пребирлив. Според неговиот последен батлер, Јоже Осели, на југословенскиот претседател секогаш му сервирале различно месо, прилози и салати, а тој самиот си го ставал во чинија она што сакал да го јаде во моментот.
Исто така тој имал омилен колач што во некои места во Србија можете и да нарачате токму од Титовиот колач.
Еве како да го подготвите:
4 жолчки
200 г шеќер
5 лажици ладно кафе
100 г мелени ореви
5 лажици брашно
3 лажици масло
1 прашок за печиво
шлаг од 5 белки
ЗА ФИЛ 1:
400 мл млеко
5 лажици брашно
2 жолчки
ЗА ФИЛ 2:
230 г путер
10 лажици шеќер
100 г растопено чоколадо за готвење
1 ванилин шеќер (или екстракт)
ПОСТАПКА:
Одвојте ги белките од жолчките. Во белките додадете 100 г шеќер и измиксајте со миксер во цврст снег.
Во жолчките додадете исто така 100 г шеќер и миксајте. Потоа додадете 5 лажици ладно кафе, 100 г ореви, 5 лажици брашно, 3 лажици масло, 1 прашок за печиво и смесата од белки.
Мешајте полека со лажица за да остане смесата воздушеста. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20-25 минути (плех со димензии 32х23х5)
Фил 1: Во 400 мл млеко додадете 5 лажици брашно и 2 жолчки и гответе со постојано мешање додека да згусне. Оставете целосно да излади.
Фил2: во 230 г путер на собна температура додадете 10 лажици шеќер, 100 г топено чоколадо и 1 ванилин шеќер. Пенасто изматете и спојте го со првиот фил.
Врз изладениот колач нанесете го филот и одозгора премачкајте со шлаг пена.
*на крај во останува една белка, таа можете да ја искористите за појадок или нешто друго.