Зошто Охрид е една од најдобрите европски дестинации за одмор?

ИЗВОРhttps://skopje24.mk/
|

Балканскиот бисер Охрид е веќе подолго време на листата на најдобри европски дестинации за одмор. Во Охрид има вкупно 365 цркви или по една црква за да можете да посетите во секој ден од годината. Поради големиот број на цркви и манастири Охрид е познат како Балкански и Европски Ерусалим. Охрид е познат и како „град на светлината“, што претставува буквален превод на неговото старо име, Лихнид. Охридскиот регион е вклучен во светското населдство на УНЕСКО. Според една легенда, која ја запишале Браќата Миладиновци, кога се правела Охридската крепост, царот Јустинијан се качил на ридовите на кои лежи градот и гледајќи ја прекрасната околина извикал „ох рид“, т.е. каков убав рид и оттогаш останало градот да се вика Охрид.

Охрид е стар град кој постоел за време на Римската импереија со многу споменици и стара архитектура. Тоа го покажува и античкиот театар, кој ја пренесува приказната за гладијаторите кои во тоа време се бореле таму. Добро зачуваната црква, св. Јован лежи над езерото. Во срцето на стариот град се наоѓа базиликата на Св. Софија. Овој храм е изграден во годините 1037-1054. Охрид е познат и по фактот дека во овој град познатите браќа, Кирил и Методиј работеле на создавањето на словенската азбука.

Во Охрид има безброј прекрасни плажи кои можете да ги посетите. Прекрасниот Свети Наум, кој е на половина час возење од центарот ќе ве остави без зборови. Исто така и Канео кој е на 15 минути пешачење од центарот на Охрид. Охридското езеро е најстарото езеро во светот и е добро познато помеѓу светските туристи. Топло ви препорачуваме да ја пробате познатата охридска пастрмка, специјалитетот и заштитниот знак кога станува збор за кулинарството во овој град.

Пред извесен период популарниот туристички портал „Дискаверер“ направи листа на пет популарни дестинации кои треба да ги посетите, каде што нормално беше и Охрид.

– Наместо да се обидувате да биде среќникот што ќе добие билет за разгледување на дубровничките локации, посетете го прекрасниот град Охрид во блиската Македонија. Изобилува со шарм, од ресторани на езеро до древни цркви и манастири кои како да се наоѓаат на секој агол. Сместен на најстарото езеро во Европа, градот има богата историја која ќе ве воодушеви, посебно зошто можете да уживате без метеж, наведува патеписецот на „Дискаверер“ Џулија Хамонд.