Венчавка и крштевка: Анастасија и Владимир се заколнаа пред Бога, сведок им беше и ќеркичката Андреа (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Ќерката на Наум Петрески, пејачката Анастасија Петреска се заколна на вечна љубов пред Бога. Петреска се венчаше во црква со избраникот Владимир Поповски, со кого склучи граѓански брак во јануари.

Анастасија и пејачот на „Биоритам“ истиот ден ја крштеваа и ќерката Андреа, која е стара два месеци.

Ова е прво дете на двојката, која што се венча на почетокот на годинава, скоро една година откако се свршија.

Анастасија е најстарата ќерка на фолк-пејачот Наум Петрески, а Андреа е негова прва внука.

Двојката својата среќа ја сподели на социјалните мрежи.