Зошто постарата сестра ја има најважната улога во вашиот живот?

ИЗВОРСкопје24
|

Сестрите имаат навистина посебна врска којашто не се објаснува лесно. Едноставно, треба да имате сестра за да можете да сфатите колку е посебна таа личност. Но, одвреме-навреме го заборавате ова.

Додека сте биле мали можеби сте се карале за далечинскиот управувач или за новиот сладок џемпер, но сигурно се сеќавате и на моментите кога вашата сестра била личноста што ви го подобрила расположението. Вашата постара сестра направила многу за вас, и сè уште прави, па погледнете зошто таа е најважната личност во вашиот живот.

1. Таа е мудрецот со најдобрите совети
Додека сте растеле, сигурно сте барале совети од постарата сестра. Таа ви помагала кога не сте биле сигурни како да се справите со проблемите со пријателките или со училиштето и ве водела низ сите ваши вљубувања. Сè уште ги слушате нејзините совети и сте благодарни што таа сака да ги сподели со вас.

2. Ве учи важни лекции
Кога имате покрај себе некој со повеќе искуство, можете многу да научите од него. Од вашата сестра сте научиле што треба да правите, но и што не треба да правите. Се разбира, одвреме-навреме се појавувал некој неочекуван предизвик, но тоа е сосема во ред. Вашата сестра била покрај вас и ви помогнала да се вратите на вистинскиот пат.

3. Таа ја има најдобрата облека што можете да ја позајмувате
Помислете колку пати сте „краделе“ облека од гардероберот на вашата сестра. Веројатно дури и ако заедно сте оделе на шопинг, таа секогаш ги одбирала поубавите парчиња. За среќа, сестрите сакаат да делат, па одвреме-навреме можете да позајмите нешто нејзино.

4. Оддалечени сте само од еден телефонски повик
Кога сте биле мали, сестра ви или била во вашата соба или во соседната. Денес помеѓу вас можеби има илјадници километри, но чувствата се исти. Секогаш можете да ѝ се јавите на оваа личност и таа нема да ве остави сами.

5. Прави да се чувствувате носталгично
Доколку само што влеговте во светот на возрасните, носталгијата може да се појавува почесто. За среќа, ја имате вашата сестра и заедно со неа можете да мечтаете за убавите денови од вашето детство.

6. Секогаш имате најдобра пријателка
Вашата постара сестра е во вашиот живот од денот кога сте се родиле и отсекогаш била и ќе биде вашата најдобра пријателка.

7. Можете да ѝ ја кажете и најсрамната приказна
Понекогаш дури не треба ни да ѝ раскажувате на сестра ви што се случило, бидејќи најверојатно и таа била таму. Се чувствувате навистина безбедно покрај неа и слободно можете да споделите што било. Таа ќе ви дозволи да ја кажете секоја ваша тајна и никогаш нема да ве издаде.

8. Таа ве направила подобар пријател
Бидејќи имате постара сестра која ви го покажала вистинското значење на грижењето и делењето, вие сте станале подобра пријателка на другите ваши пријатели. Веројатно сте и добар слушател, бидејќи вашата сестра секогаш била овде кога ви требала.

9. Можете да бидете свои пред неа
Нема никаков филтер помеѓу вас и вашата постара сестра. Поврзаноста најверојатно започнала во деновите кога сте станувале со неуредна фризура и смешни пижами и заедно сте ги гледале утринските серии, сте се смееле и сте си кажувале глупави шеги. Се чувствувате навистина удобно во нејзино друштво и можете да го покажете вашето вистинско лице пред неа. Таа никогаш нема да ви суди.

10. Таа ве сака без разлика на сè
Најдоброто нешто за вашата постара сестра е тоа што таа ќе ве сака засекогаш. Дури и кога ќе настане конфликт, секогаш наоѓате заедничко решение. Постарата сестра е вашиот најголем фан и таа ви ги дава најубавите прегратки. Некои пријатели доаѓаат и си заминуваат, но сестрите остануваат засекогаш.