Елена Велевска негира дека е во врска со нашинец од Америка

ИЗВОРСкопје24
|

Фолкерката Елена Велевска откако се појави во јавноста постојано ја следат скандали! Така е затоа што важи за јавна личност која нема проблем кога се пишува за неа, нејзиното мото е само да се пишува.

Изминатиов период во центарот на вниманието се најде заради дефинитивниот крај на љубовта со сопругот Марјан. Откако еднаш објави дека се разведуваат, па дека се смируваат, по се изгледа двојката реши сепак да стави точка на љубовната сага. И штом објави дека сега е навистина крај, како бомба одекна веста дека сега веќе бившиот сопруг го заменила со богат нашинец кој живее во Америка.

Во прво време фолкерката мудро молчеше, за конечно да реши да се огласи и да признае: „Се е точно, колку што е точно дека сум трудна по четврти пат…

Фолк пејачката Елена Велевска периодов не може да „крене глава“ од актуелноста во домашните медиуми. Секако, сигурно и годи кога е застапена во врска со музичката кариера, но кога и работата е во прашање, периодов Елена беше бојкотирана за турнејата во Австралија поради изјавата во бугарски медиум дека песните „Јовано Јованке“ и „Кажи, кажи облаче ле бело“ се бугарски.

Пред извесен период кога ја прашаа за бракот, таа јавно изјави:

“Не се покајав што му дадов втора шанса на сопругот, работиме на бракот, децата се во нашиот фокус на вниманието и сметам дека успеавме да ги надминеме сите проблеми. Јас по природа сум голем хуманист, им помагам на сите, затоа и сакав да му помогнам на мојот брак и да го спасам и мислам дека ја донесов вистинската одлука” – изјави фолкерката и додаде дека во животот е многу тешко истовремено да бидеш и успешна на сите животни полиња.

Во месец февруари, Елена се врати од двомесечната турнеја низ САД. Фолкерката ја имаше една од најуспешните концертни турнеји што некој македонски изведувач воопшто ги направил надвор. Настапи во повеќе градови каде што живеат нашите иселеници – Македонци и воопшто иселеници од целиот регион.