Сопругата на Бали Бег објави неодолива снимка од новородениот син

ИЗВОРСкопје24
|

Пред еден месец, популарната турска актерска двојка, Фахрие Евџан и Бурак Озчивит или попознати како Бали Бег и Неџла, станаа родители на своето прво дете.

Нивниот наследник го носи името Каран, а турските медиуми го следат секој новитет позврзан со бебенцето.

Деновиве Фахрие на својот Инстаграм профил објави видео на кое на својот мал наследник му пее приспивна песна, а истото собра илјадници лајкови и коментари.

Она што е интересно е дека уште пред да се роди бебето славните родители му отворија Инстаграм профил на кој уште сега има 142 илјади следбеници.

При излегувањето од болницата во Истанбул ги пречекаа новинарите, а во кусиот разговор Фахрие одговорила дека здравјето на синот, како и нејзиното се во најдобар ред.

Исто така потврди дека Бурак присуствувал на породувањето и дека поминало без проблеми.

Каран доби и своја сметка во банка, уште пред да дојде на овој свет.