Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ на големо го подготвува својот 21 роденден кој ќе го прослави на 30 мај, додека нејзината мајка Цеца за тој ден и приредила големо изненадување.
-Анастасија го сака пејачот Слоба Радановиќ и неговиот глас, па затоа Цеца го поканила тој ден тој да ги забавува гостите, што он со задоволство го прифатил тоа. Планирано е да има околу 120 луѓе, а на предлог на декоративната агенција, Анастасија прифатила целата сала да биде во бело- розови тонови.
Цеца веќе одамна рече дека едвај чека да запее на роденденот на ќерка си, секако и бројни други пријатели таа вечер ќе се фатат за микрофонот, вели извор близок до семејството за српските медиуми.
Инаку Слободан Радановиќ- Слоба е познат во јавноста по учеството во едно реално шоу каде ја изневери својата сопруга со ќерката на Анабела Џогани, Луна, по што стана омразен низ целиот регион.