Кардашијан- Џенер кланот има ангажирано неколку дадилки кои се грижат за нивните деца, пишува Радар онлајн.
Мама Крис Џенер е задолжена за ангажирање на нови дадилки, а секоја од нив има најмалку по 3 вработени дадилки кои се грижат за децата.
Кортни, Ким, Клои и Кајли не кријат дека сакаат повеќе деца, а за да го ускладат мајчинството и работата тие плаќаат по 100.000 долари годишно на секоја од дадилките.
Кога Клои минатата година ја роди својата ќерка Тру, во неколку наврати е фотографирана со својата дадилка од која девојчето не се одделува, па затоа јавноста ја критикуваше мајката, но таа наместо да демантира, потврди дека и е потребна помош и дека сама не може да се справи.
Каније пак секој ден и давал по 2000 долари на дадилката за да спие со нивната ќерка Норт, идејќи Ким не смее да биде под стрес и да станува навечер кога се буди детето.
Кортни пак има поинакви барања. Имено најстарата ќерка на Кардашијан бара дадилката да и се обраќа со „мадам“и ако не го направи тоа веднаш ја отпушта.
Кајли пак не жали пари кога се во прашање дадилките, за својата ќерка има вработено дури 4 за да се грижат за девојчето дење и ноќе, а поради страв од бактерии таа очекува дадилките да ги мијат рацете што почесто може.
Ким бара од нејзините дадилки да одат секогаш зад неа, а за време на една вечера забележана е нејзината ќерка заедно со дадилката како јаде на друга маса.
Кардашијан имаат едно заедничко златно правило: Дадилката мора секогаш да биде подготвена за веднаш да тргне на пат и да биде секогаш достапна, а најважно од се е дадилката да не биде згодна и убава, за нивните мажи да не дојдат до искушение и да се вљубат во нив.