Само неколку месеци по разводот, Коки Јанков тајно се ожени по вторпат

ИЗВОРСкопје24
|

Пред неколку месеци во медиумите како бомба се појави веста дека се разведува македонскиот музичар Коки Јанков и сега веќе поранешната сопруга Росана.

Коки наводно, по крајот на брачната заедница се иселил од заедничкиот дом каде живееја.

Набрзо потоа, во ТВ емисијата „Ексклузив“ на 1ТВ сосема неочекувано се појави уште една информација поврзана со приватниот живот на виолинистот, односно дека Коки не чекал многу време да биде соло, туку и се вратил на својата поранешна девојка со која бил во врска пред бракот.

Тогаш беше откриен и идентитетот на дамата, односно Маја Парговска од Скопје која е адвокатка по професија.

Коки и адвокатката биле во врска четири години пред тој да се ожени со Росана, а извесен период по разделбата од Росана, почнале да живеат заедно.

Оваа информација во телефонски разговор за „Ексклузив“ ја потврди и самиот Коки.

„Да, да потврдена е информацијата лично од мене. За вас новинарите секогаш сме биле тука, па се надевам дека ќе останеме во добар контакт“ изјави Коки.

На прашањето зошто се разведе од Росана, Јанков одговори:

„Ќе треба да направиме едно 5,6 емисии за да се објасниме. Тоа е минато и не треба да се враќаме на минатото, важно е да гледаме напред. Овој живот е за храбрите, не е за плачковци“ вели Коки.

Сега пак, естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ има нешто ептен тазе кога е во прашање љубовниот живот на Коки Јанков.

Во најавата за емисијата стои наслов дека Коки тајно се оженил по вторпат, a деталите за неговиот нов брак, како и коментар од првата сопруга, најавуваат наскоро.

Инаку, на профилот на социјалната мрежа Фејсбук, љубовниот статус на Коки е дека е во брак, со што дополнително се потврдува дека музичарот е во функционална брачна заедница.

За потсетување, Росана и Коки беа во брак 10 години, а од бракот ја имаат ќерката Лара.