Секогаш слушајте ја вашата сопруга особено кога ви ги кажува нејзините среќни броеви за лото. Ова е поуката на добитникот на големата лото премија од Кавадарци.
Државната лотарија соопшти дека се запознала со дел од семејството на нивниот прв добитник од играта ЛОТО 7 од Кавадарци. Добитникот и понатаму останува анонимен, но познато е дека е пензионер кој живее во центарот на Кавадарци.
Тој открил дека е редовен лото играч и негов омилен ден за уплата е понеделник за добар почеток на неделата. Тој редовно уплаќа во продажно место на улицата „Илинденска“. Уплатата на добитното ливче пенционерот од кавадарци ја уплатил на 6 мај.
Во комбинацијата со броеви, редовно уплаќал по една комбинација со среќниброеви на неговата сопруга. Од 5-те уплатени комбинации, третата комбинација на броеви, извлечена во петтоот коло на играта Лото 7 се броеви на неговата сопруга – 9, 11, 13, 21, 23, 25 и 32, кои му ја донесоа седумката вредна 29.293.930 денари.
Добитникот соопштил дека парите ќе бидат поделени на нивните деца. Ми.М.
Извор: Нова Македонија