Aктерот Сашко Коцев e европска личност на годината

ИЗВОРСкопје24
|

Вчера на завршната церемонија по повод Денот на Европа, 9 мај во Скопје во организација на Фондацијата Конрад Аденауер беа доделени неколку награди по повод Денот на Европа во Македонија.

На ораторскиот натпревар кој беше одржан по овој повод, првото место го доби Ана Михаиловска од Универзитетот Гоце Делчев- Штип, второто место му припадна на Бреранд Рустини од Универзитетот на Југоисточна Европа и третото место и припадна на Марија Коцева исто така од Универзитетот Гоце Делчев- Штип.

На ликовниот конкурс на темата „моите соседи како мои пријатели“ во организација на општината Аеродром и Европското движење во Република Македонија по повод 9 мај Денот на Европа наградени беа најмалите дечиња и тоа Јосиф Најдовски од трето одделение од основното училиште Гоце Делчев, Ангела Зимбакова од основното училиште Лазо Ангеловски и најмалиот од градинката Срничка, огранот Калинка Владимир Ана Анастасовски.

Наградата за европска личност за 2018 година која беше насочена во доменот на културата ја доби актерот Сашко Коцев.

-Посебно сум возбуден и со самиот повик кога ми соопштија за наградата, а и вечерва несвојствено вака за мене да останам без текст и се чудам зошто е тоа така, веројатно затоа што за оваа награда не сум се борел. За секоја театарска и филмска награда се борам, но за оваа некој едноставно будно ги следел моите чекори и сум специјално почестен што ми ја доделија оваа плакета за личност на годината и овие вредности мои вредности да ги види како европски вредности, рече Коцев.