Пензионираниот офицер на морнарицата Тексашанин, Виктор Весково, го сруши рекордот и со подморница се спушти на длабочина од 11 километри во Маријанскиот ров во Тихи океан.
Маријанскиот ров, поточно точката Челенџер дип е најдлабока точка на планетава, а Васкова баш тука го чекало шокантно откритие. Покрај новите видови, видел и нешто кое го има создадено човекот – пластика.
Претходниот рекорд го остварила американската морнарица во 1960-та година.
Се верува дека тие откриле четири нови видови ракови, како шкампи наречени амфиподи, и дека виделе суштества кои се нарекуваат гломазни црви и розови полжави.
Сепак тоа не било единственото нивно откритие затоа што пронашле и делови од пластични кеси и кеси од слатки.
Откритието претставува вистински доказ за тоа колку човекот влијае на планетава, а загадувањето со пластика станува еден од најголемите проблеми на нашава планета.
Портпаролот на Весковата експедиција, Стефани Фичерберт кажала дека се обидува да открие дали навистина станува збор за пластика.
Според податоците на Обединетите Нации во океаните секоја година завршуваат 9 тони пластика.
Истражувачите влегоа во најголемата дупка на светот – Blue Hole, на дното најдоа пластични шишиња.