„Не знам да уживам во парите добиени на тој начин“: Тијана Дапчевиќ откри како за неколку секунди добила вртоглава сума на пари

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачите во денешно време се делат на оние кои со двете раце прифаќаат бакшиш и оние кои овој вид на заработување на пари го сметаат за недостоен.

Тијана Дапчевиќ од друга страна пак припаѓа на втората група на пејачи, иако не крие дека во една прилика заработила неверојатен бакшиш.

– Во кафеана никогаш не сум добила бакшиш, но сепак имам добиено во една прилика кога на еден господин му запеав на увце, вели Дапчевиќ за српски „Телеграф“.

Таа додава дека тогаш тој за неколку секунди и дал 1.000 евра и тоа било најголемиот бакшиш кој го има добиено.

– Инаку јас не знам да уживам во парите добиени на тој начин, можеби бидејќи немам многу големо искуство по кафеаните на таков начин на пеење. Тоа е до некаде и нормално бидејќи не се занимавам со народната музика,вели Тијана.

Инаку, нејзината сестра Тамара, денеска ќе настапи на втората полуфинална вечер на Евровизија, но за жал Тијана нема да ја придружува на сцената. Иако многумина очекуваа дека токму Дапчевиќ ќе биде првиот избор на Тодевска кога се во прашање вокалите кои ќе ја придружуваат на сцена, нејзината сестра нема воопшто да отпатува за Тел Авив.

– Тамара многу те сакам. И многу сум среќна што оваа година ќе бидеш претставник на „Евровизија“, ама сум несреќна што нема да бидам со тебе – откри Тијана во ТВ-шоуто на Драган Б. Костиќ.

Подоцна се огласи Тамара која ја објасни причината за овој, за многумина неочекуван потег.

– Тијана е една од најважните личности во мојот живот и без нејзината љубов и поддршка јас не би била тоа што сум сега. Таа ќе остане во Белград со ќерка ми Хана. Синот Дарен за време на фестивалот ќе биде во Гевгелија со семејството на мојот сопруг – појасни Тодевска.