Фотографијата на младиот брачен бар од Требиње е направена од фотографот Жељко Будимир.
Тоа е фотографија која го враќа оптимизмот во ваките тешки времиња. За среќа е потребно навистина малку!
За да ви го разубавиме денот со уште повеќе среќа, во продолжение прочитајте ги најубавите 15 цитати за среќата и потсетиме што за среќата имаат говорено величините како Херман Хесе, Виктор Иго, Оскар Валјд, Иво Андриќ, Орхан Памук…
Чудно е колку малку е потребно за да бидеме среќни и уште почудно: колку често баш тоа малку ни недостасува. (Иво Андриќ)
Вистинската тајна на среќата е во тоа многу да бараме од себе, а малку од другите. (Алберт Гињон)
Извесна количина на напнатост е неизбежен дел од животот, а извесна количина на тешкотии е знак на живеење. Уште повеќе, среќата мора да се заслужи. Таа не доаѓа во пилули. (Артур Гордон)
Кон среќата треба да се однесуваме како кон здравјето: да уживаме во неа кога е добра, да бидеме трпеливи кога е лоша. (Ла Рошфуко)
Држи ја среќата како птица: што понежно и полесно. Доколку се чувствува слободно, ќе ти остане засекогаш во рака. (Фридрих Хебел)
Ние би биле целосно среќни или барем блиску до среќата, кога навистина би го имале тоа што завидливците околу нас мислат дека го имаме и кога сето тоа би го имале под онакви услови како што тоа им се чини на нив. (Иво Андриќ)
Не е среќен оној кој има што сака, туку оној кој не го сака тоа што го нема (латинска поговорка)
Да се биде среќен значи да се биде слободен, не од болка или од страв, туку од грижи или тешкотии (Оден)
Вистинската и сигурната среќа многу повеќе е дар на мислите и срцето, отколку дар од надворешниот свет (Јозеф Чапек)
Сите луѓе бараат среќа, со помалку или повеќе упорност, а најмногу шанси да ја најдат и сочуваат имаат оние кои ја бараат во заедничката среќа со што повеќе луѓе со кои животот ги поврзува (Иво Андриќ)
Среќни сме само тогаш кога од утрешниот ден не бараме ништо, а од денешниот со благодарност го примаме тоа што ни го донел. (Херман Хесе)
Не е точно дека секој човек е ковач на својата среќа, туку поточно е дека секој човек е ковач на својата несреќа. (Јован Дучиќ)
Среќата, прочитав негде, не е слепа, неука е. Размислував дека среќата им е утеха на оние кои не ја познаваат статистиката и можностите. (Орхан Памук)
Маж може да биде среќен со секоја жена, се додека не ја засака. (Оскар Вајлд)
Најголемата среќа во животот е увереноста дека сме сакани – сакани поради тоа какви сме или уште повеќе, и покрај тоа какви сме. (Виктор Иго)