Тензично на апелациската седница за „Диво Насеље“, обвинетите тврдат – пресудата е режирана од Груевски и Ахмети (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

„Овде е Албанија, Албанија ќе биде“, рече во судница обвинетиот Генц Сефеј.

По овие зборови Генц Сефеј ги повика преостанатите обвинети во Диво Насеље да дадат почит со една минута молк за како што рече, за нашиот херој кој го загуби животот во битката во Куманово.

Потоа, веднаш се вжешти атмосферата во судската сала и обвинетите почнаа со пцовки да ги навредуваат петтемина апелациони судии. Им порачаа дека судот за нив не постои, а адвокатите немале право да зборуваат во име на обвинетите. Кажаа дека судиите се дојдени, а не тие обвинетите. „Ние сме автохтони, тука е Албанија“, рекоа дел од обвинетите за тероризам. Судот, постојано бараше преведувачот да пренесе што говореа обвинетите. По ваквите пцовки и други националистички и погрдни зборови, обвинетите со лисици на рацете, си заминаа од судската сала. Јавната седница продолжи само со тројца обвинети.

Судијката им порача дека не е задолжително нивното присуство на јавната седница, но ако си одат утре нема да можат да присуствуваат за кога повторно е закажана седница за да се разгледаат жалбите на обвинетите, по пресудите на кривичниот суд.

Обвинетите, обвинија – Али Ахмети и Никола Груевски ја режирале првостепената пресуда.

Тука со засилено полициско обезбедување, како во судовите, така и внатре во судската сала. Голем број на специјални едници се присутни за одржување на јавната седница на Апелацискиот суд којашто се одржува во Врховниот суд.

Скопска апелација треба да одлучи дали ќе ги потврди или ќе ги преиначи пресудите од кривичниот суд. Скопска „единца“ во ноември 2017 за обвинетите од Диво Насеље изрече, седум доживотни затворски казни, на 13 обвинети единствена затворска од 40 години, шестмина ги осуди на 20 години затвор, еден обвинет доби 18 години, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица поради немање докази се ослободени од обвиненијата. На шеснаесет обвинети судот им изрече и казна протерување странец засекогаш од територијата на Република Македонија.