Настапот на Австралија во првата полуфинална вечер на Евровизија привлече големо внимание, а по првите прогнози, русокосата пејачка има големи шанси и да ја однесе победата, судејќи по лавината коментари која не престанува по нејзиниот настап.
Имено, Австралијанката Кејт Милер ја воодушеви Европа кога ја отпеа песната лебдејќи во воздухот, но тоа отвори бројни прашања, а едно од нив е дали натпреварувањето ќе биде преселено во Австралија во случај да победи оваа земја.
По ваквото прашање, пристигна и одговорот кој гласи “не” – а еве и зошто:
Ако Австралија победи на Евровизија, натпреварот без страв кај Европјаните кои традиционално седат во публиката на најпрестижниот музички настан на нашиот континент, не се сели во оваа земја. Во тој случај, Австралија ќе мора да одлучи со која од земјите членки на Европската радиодифузна унија заедно ќе го организира натпреварот, а тие веќе претходно се изјасниле дека би биле домаќин на Евровизија заедно со Германија или Велика Британија.
Билетите за финалето на Евровизија чинат 1.000 евра
Билетите за финалето на Евровизија, што ќе се одржи на 18 мај во Тел Авив, чинат 1.000 евра. Ова се најскапите билети за едно финале на Евросонг досега, велат евровизиските фанови што секоја година одат на музичкото натпреварување. Според нив, Тел Авив е една од најскапите дестинации на кои се одржувала Евровизија.
Потсетуваме, нашата Тамара со моќен настап обезбеди место во финалето во сабота.
Финалето на годинешниот Евросонг ќе се одржи в сабота, а со две песни ќе настапи и Мадона.