Пејачот Милан Динчиќ Динча и неговата избраничка, водителката Јелена Динчиќ вчера направија голема свадбена прослава во еден луксузен ресторан и ја собраа целата естрада на едно место.
Сопругата на пејачот заблеска во бела венчаница додека тој носеше темно зелено одело.
Она што најмногу им остави внимание на присутните е појавувањето на познатиот рапер Ненад Алексиќ Ша во тренерки на нивната свадбена прослава што предизвика бура од реакции.
Парот инаку минатата година во јуни го доби своето прво дете, Вук, а за време на свадбата него го чувале двете баби кои подоцна го донеле на свадбата.
Следна која ќе се мажи е српската пејачка Милица Павловиќ (ФОТО)
Популарната пејачка не го криеше задоволството откако на свадбата на Јелена и Динча го фати бидермаерот.
Според верувањата таа која ќе го фати бидермаерот од невестата е на ред да се мажи, а како што стојат работите следна би се омажила згодната пејачка Милица Павловиќ.
Имено, пејачката го фати бидермаерот на свадбата на Јелена и Динча, откако претходно невестата и го фрли.
Популарната пејачка не го криеше задоволството и не ја симна насмевката од нејзиното лице.