Еве што велат странските портали за нас: „Бидете меѓу првите што ќе ја посетат Северна Македонија“

ИЗВОРСкопје24
|

На порталот The New York Times излезе статија за нашата држава со новото име. На оваа страна може да прочитате што велат за нас.

„Тоа е античка земја, но од февруари има ново име, давајќи им на патниците нова причина зошто да ја посетите оваа држава.

Светот има земја со ново име, Северна Македонија. И тоа е добра вест за регионалните односи и патниците, кои се во посета на југоисточниот дел на Европа во поголемиот број. Во февруари, “поранешната југословенска Република Македонија” – како што ОН се осврна на балканската земја за време на нејзиното влегување во 1993 година – официјално стана Република Северна Македонија.“

Македонија во очите на странците – Три минутно видео направено од полски туристи ќе ви го направи денот поубав (ВИДЕО)

Уште еден доказ за тоа колку треба да ја цениме и сакаме нашата држава е токму ова видео. Mateusz Kanownik, студент по кинематографија, неодамна со своето друштво биле во посета на Македонија. Своите доживувања и одлична забава ги пренесуваат преку ова видео. Посетата на Охрид и Скопје и дел од убавините на Македонија ги пренесуваат преку три минутно видео кое ќе ви го направи денот поубав.

Погледнете и уживајте во тоа што со зборови не може да се опише:

Бела вода- привлечен туристички центар

Сите ние постојано велиме дека Македонија е прекрасна, но голем број од нас, всушност, не ја виделе таа убавина со свои очи. Затоа треба да се искористи секој слободен момент и убавото време и да се организира незаборавна еднодневна екскурзија или еден викенд за нас и за нашите најблиски на место каде што не сме биле никогаш досега. На тој начин барем малку подобро ќе ја запознаеме Македонија и со сигурност ќе имаме убаво искуство кое долго ќе го паметиме. Можеме да одбереме помеѓу водопадите, убавите манастири и цркви, културно-историските знаменитости и други убавини што ги нуди нашата земја.

Планини, реки, снег, чист воздух и вкусна храна. Македонија изобилува со понуда за сечиј вкус за туристите во сите сезони. Освен етаблираните зимски центри, во последно време сè повеќе атрактивни се и досега недопрените предели и алтернативни дестинации кои се прекрасни и полни со убавини.
Таква е и месноста Бела Вода, скриена зад околните ритчиња од Малешевијата, богата со реки и чист воздух. Поминувајќи покрај популарната викенд-населба Суви Лаки, по само 5 километри возење кон Берово, се открива овој центар кој е уште една од многуте убави македонски дестинации.