Заврши уште едно издание на спектакуларно евровизиско шоу, оваа година одржано во Тел Авив. Со победа си замина Холандија.
Она што на сите им ги наполни срцата е високиот пласман на Тамара според гласовите од земјите, која долго време се бореше за првото место со Шведска и Италија во табелата.
Сепак, со гласовите од публиката, работите брзо се променија и Шведска и Холандија се бореа за првото место, кое го освои Холандија.
Македонија никогаш не доживеала толку голем успех, а фановите до последен момент со нетрпение ги пратеа гласовите. Тамара освои 8-мо место со 295 гласови.
Радост која веројатно не се ни надевавме дека ќе ја искусиме, додека не ја видовме нашата земја на врвот од листата со бодови. Се поклонуваме пред тоа што го остави срцето на сцена!
Со вкупно 482 освоени поени, убедлив победник за 2019-та беше – со песната Arcade.
Како звучеше изведбата и како изгледаше победничкиот настап:
Тамара од срце ја пееше „Proud“, Европа се восхитуваше на нејзината изведба, а ние сме горди што имаме ваков вонсериски музички талент.
Ова е и дел од тимот кои направија целосен победнички производ:
Тамара на сцената носеше креација на Александар Ношпал која совршено ја истакнува нејзината женственост.
Дланките на Тамара биеа „покриени“ со сребрен накит креиран од дизајнерката на накит Котев Ксенија.
Котев креираше моќни парчиња накит за овој настап и тоа два волуменозни прстени и брош за Тамара и доминантни обетки за придружните вокали Антониа Гиговска и Александра Јанева.
Накитот е креиран специјално за Тамара, за нејзиниот настап инспириран од стиховите на „Proud“ и секоја жена која е пример за моќ, сила и гордост.
„Горда (#proud) на моќната женска аура создадов накит кој не е стереотипен. Накит кој ја покажува силата на секоја од нас, накит кој говори гласно ширејќи ги крилјата на нашите сребрени тела“ – вели Котев.
Погледнете и како изгледаше Тамара на почетокот на вечерта: