Шерифовиќ бесна поради Македонија: Евросонг не гледам никогаш повеќе!

ИЗВОРСкопје24
|

Српската пејачка Марија Шерифовиќ, која деновиве даде огромна поддршка за нашата земја и Тамара Тодевска, револтирана од синоќешните резултати се огласи на „Твитер“.

На денешен ден свечено ви ветувам – ЕВРОСОНГ ВЕЌЕ НЕ ГЛЕДАМ!

Шерифовиќ со „Molitva“ ѝ ја донесе победата на својата земја во 2007 година.

Уште на втората полуфинална вечер на Евровизија која се одржа во четвртокот во Тел Авив, под реден број 17 настапуваше македонската претставничка Тамара Тодевска со песната „Proud“.

Тамара беше пречекана со овации и аплауз, а таа едноставно “грмеше“ на евровизиската сцена.

Нашата пејачка добива поддршка од цела Европа, како од нејзините фанови, следбеници, јавни личности…

Нејзините колеги, колешки преку социјалните мрежи дадоа поддршка на нашата претставничка, а моделот Катарина Ивановска замина во Израел да ја бодри нејзината пријателка.

Тијана Дапчевиќ, Калиопи, Каролина Гочева, Елена Ристеска, Викторија Лоба, Марјана Станојковска, Ване Марковски, Кристина Арнаудова, Сања Лефкова, Лила Филиповска, Ања Ветерова, Сања Цинцева Барби, Велков Снеже, Сања Николиќ, Игор Џамбазов, Миа Костова, Ружива Антиќ, Аделина Тахири се само дел од македонските јавни личности кои се сплотија и дадоа поддршка на Тодевска.

Меѓутоа, поддршка и бодрење пристигна и од соседството односно од Србија, меѓу нив беше токму Марија, за кого Македонија беше фаворитот оваа година.

Еден од најдобрите вокали, пејачката која успеа да и донесе победа на Евровизија на Србија, Марија Шерифовиќ и даде поддршка на Тамара.

Прво, на „Инстаграм стори“ ги објави броевите за гласање, а потоа сподели дел од изведбата и во описот стави аплауз и истакна „браво Тамара“.

Од друга страна, Јелена Карлеуша исто така следеше Евровизија со нејзините ќерки, па кога ја праша ќерката која е победник, таа одговори „таа“ покажувајќи го настапот на Тамара.

Од друга страна, пред самиот почеток, Наташа Беквалац на социјалните мрежи ги сподели броевите на кои може да се гласа за нашата претставничка.

Како и да е, Македонија има со што да се гордее. Браво Тамара!