Холандија и Македонија беа во тесна трка беа и во втората полуфинална вечер каде Холандија освој вкупно 280 гласови и изби на првото место, додека Тамара Тодевска и Македонија се најдоа на второто место со 239 поени.
Веднаш зад нас во второто полуфинале влез во финалето освој Шведска со 238 поени.
Инаку вчера Македонија цело време беше на врвот на табелата, се додека не започне гласањето од публиката поради кое завршивме на осмото место на Евровизија.
Поделбата на гласовите во завршницата беше драматична и интересна, особено што игравме главна улога во заплетот и расплетот до самиот крај. Како второпласирана од жиријата, поените од публиката за Тамара беа прочитани кон самиот крај, кога стана јасно дека телевоутингот не ни бил доволно наклонет за повисок пласман. Во евровизискиот прес-центар се случуваше своевиден трилер и сите очи (и камери) беа вперени во нашиот мал македонски новинарски тим, во исчекување да не случајно победиме. Иако тоа не се случи, сепак беше многу забавно за првпат да се биде во центар на вниманието, и тоа до самиот крај.
Додека се броеја гласовите од телевоутингот, публиката ја забавуваа серија пејачи од кои повеќето бивши евровизиски победници, а најизвикан од сите беше настапот на светската музичка ѕвезда, Мадона. Нејзиниот долгоочекуван настап беше, во најдобра рака, просечен и вокално на моменти катастрофален, но сепак беше интересен да се види. Се шпекулира дека сумата која била платена од спонзори за нејзиниот настап е над милион евра и со оглед на покажаното, дискутабилно е дали навистина толку и вредело.
Од земјите во регионот, по нас, најдобро се пласира Словенија на место број 13, Србија – 17, Албанија – 18 и Грција – 21. На последно место заврши Англија со само 16 поени, 13 од жиријата и 3 од телевоутингот во Ирска. Германија неславно не доби ниту еден поен од телевоутингот и заврши како 24-та со 32 поени од жиријата.