Обезбедувањето им ги одзеде палестинските знамиња на претставниците од Исланд (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Организаторите на Евровизија може да го казнат исландскиот бенд „Хатари“ откако нивните членови раширија палестински знамиња за време на финалната вечер, со што ги прекршила правилата на манифестацијата.

Бендот „Хатари“ ги развеа палестинските знамиња за време на бодирањето, поради што интервенираше обезбедувањето. Член на бендот тајно го снимаше обезбедувањето и видеото го објави на социјалните мрежи.

„Хатари“ важат за контроверзен бенд кој ги користи своите настапи за да испрати порака во врска со општествени и политички теми. Поради тоа биле предупредени од организаторите на Евровизија пред да се одржи финалето да испровоцираат никаков скандал.

Нивниот гест беше протолкуван како знак на протест поради воениот конфликт меѓу Израел и Палестина и окупирањето на палестински територии.

ВИДЕОТО погледнете го ТУКА.

Инаку, поп кралицата Мадона исто така вчера имаше свој настап на финалето на Евровизија, но за жал настапот не им се допадна многу на фановите бидејќи при пеењето таа фалшираше како што забележаа голем број од корисници на социјалните мрежи.

Мадона беше специјална гостинка на Евровизија, за чиј настап медиумите пишуваат дека е вреден 1.5 милиони долари. Taa ги изведе класикот „Како молитва“, во чест на 30-годишнината од излегувањето на истоимениот албум и новиот сингл „Иднина“ со американскиот рапер Кваво, во придружба на 35-член хор.

Коментарите во странските медиуми се дека ова беше невообичаен и рамен настап за поп кралицата, а британски „Телеграф“ пишува дека настапот на Мадона бил срамен и разочарувачки.

Мора да сонувате, да работите и да го заслужите вашето место на сцената, рече поп кралицата Мадона вечерва во Тел Авив, Израел, на финалето на Евровизија 2019.

„Сите вие сте победници. Мора да го заслужите местото каде што сте сега“, им рече таа на учесниците.
„Верувајте во моќта на музиката“, рече Мадона и ги повика учесниците со неа да ги испејат стиховите од нејзината песна „Музиката ги тера луѓето да се зближат“.