Доколку денеска треба да излезете од дома, или пак сте на работа задолжително со себе понесете чадор, бидејќи според метеоролозите не очекува променливо облачно и нестабилно време, попладне на повеќе места во државата се очекува да има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во источните делови од земјата.
Утринските температури ќе се движат во интервал од 5 до 13 степени целзиусови. Потопли утра ќе има на југоистокот од Македонија. Исто така во овој дел од земјата според синоптичарите попладне се очекува дожд и грмотевици.
Дневните температури ќе се движат од 15 до 26 степен. А во главниот град ќе се достигнат максимални 24 степени целзиусови.
И за утрешниот ден според управата за хидро метеоролошки работи не очекува слично време, односно сончево со умерена облачност и краткотрајни врнежи од дожд и грмежи. Дневните температури за утрешниот ден се очекува да бидат за некој степен повисоки од денешните.
Во вторник ќе има изолирана појава на краткотраен дожд, а преодно стабилизирање ќе настапи во среда.
Потоа во четврток и во петок во попладневните часови повторно ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, велат од Управата за хидро-метеоролошки работи на Македонија.