Девојката со ангелски глас која стана позната по нејзиното учество во Пинкови ѕвездички, Антониа Гиговска, еден од придружните вокали на Тамара Тодевска на Евросонг 2019, вчера славеше матура.
Таа не пристигна на скопскиот аеродром заедно со останатите од тимот на Тамара, туку вчера наутро заминала на аеродром за да се подготви за матурската забава. Тоа го кажа и Тамара по слетувањето, честитајќи и на Антонија затворање на едно погавје од нејзиното образование.
Нова љубовна двојка на естрадата: Антониа Гиговска е во врска со свој колега
Како што пренесува „Бекстејџ“, Гиговска е во врска со Иван Joванов, вокалот од Либеро бенд.
Парот се заедно повеќе од месец, а Иван на своите блиски пријатели се доверел дека е многу заљубен и се чувствувал како да ја познава Антониа цел живот.
Како што пренесува магазинот, новопечениот пар Велигденските празници ги поминал во Битола кај братучед на Иван.
Пред да биде со Антониа, Иван беше во повеќегодишна врска со водителката Јана Сарафимова.