Поскапува влезот во скопска Зоолошка, наместо 50 ќе биде 80 денари

ИЗВОРСкопје24
|

Билетот за влез во скопската Зоолошка градина ќе поскапи и наместо 50 денари ќе биде 80. Влезот за деца до 3 години и натаму останува бесплатен. Оваа одлука за промена на цената за влез во Зоолошката ќе се најде на дневен ред на утрешната седница на Советот на Град Скопје и доколку биде усвоена треба да стапи на сила на почетокот на јуни, пишува СДК.МК.

Во образложението на градоначалникот Петре Шилегов се вели дека поскапувањето се должи на зголемениот број содржини и нови животни во градината.

Според новиот ценовник се воведуваат и нови цени за содржините кои летово треба да бидат отворени и за кои ќе се плаќа плус дополнителна влезница. Влезот во паркот на диносауруси ќе чини 50 денари, а во мини зоолошката каде ќе има бебиња животни посетителите ќе треба да платат плус 20 денари.

Чисти езера и нови катчиња во ЗОО Скопје

Изминатиот период, вработените во Зоолошка градина Скопје, секојдневно работеа на чистење на езерата, како и уредување на нови зелени катчиња. По повеќе од 13 години беше исчистено големото езеро, а малите езерца добија пролетно чистење по есенската генералка. Беа засадени и преку 200 нови садници- врби, бадеми, лешници, малини како и повеќе видови цвеќиња.

Од неделата, посетителите може да уживаат и во новото катче покрај езерото, каде што се наоѓа и Бродот на радоста. Токму тогаш во Зоолошка, имаше рекордни 18.000 посетители, со што е надмината претходната бројка од 12.000 посетители на почетокот на март.

„ЗОО Скопје ќе продолжи со зазеленување и разубавување на просторот за посетителите и животните. Наша цел е да направиме буквално шума во градот и се стремиме да станеме Еко ЗОО
парк“- изјави портпаролот на Зоолошка градина Скопје, Тина Мицковска.