Денеска е Свети апостол и евангелист Јован Богослов

ИЗВОРСкопје24
|

Празник во чест на чудата на Свети Јован Богослов Со името на светиот апостол и евангелист Јован се поврзани два празника. Празникот на 21/8 мај, е востановен во чест на чудата што се случувале над неговиот гроб. Имено, покрај многуте чуда што ги направил за време на животот ( исцелил болни, ја скротил бурата на морето, а кога патниците на бродот немале вода за пиење солената вода ја претворил во слатка итн.), секоја година на 8 мај (с.с.) од неговиот гроб излегувала прашина од која оздравеле многу болни.

Песните што на тој ден се пеат во црквата во негова чест главно се составени од Јован Дамаскин и од цариградскиот патријарх Герман во VIII век. Роден е во Витсаида, град на брегот на Галилејското Езеро и е помлад брат на апостолот Јаков, според татко му наречен Заведеев. Татко му се викал Заведеј, а мајка му Саломија и била ќерка на Јосиф, старателот на Богородица, кај кого што живеела по напуштањето на божјиот храм.Јован бил рибар и заедно со брат му и со татко му ловеле риби на езерото. Еднаш кога ги крпеле мрежите кај нив наминал Исус и ги повикал Јована и Јакова. Тие веднаш го напуштиле татка си, бродот и мрежите и му се придружиле.

Исус му бил посебно наклонет на Јована поради што овој присуствувал на сите поважни настани од неговиот живот. Заедно со Јаков и Петар присуствувал на Преображението на Исус на планината Тавор, тројцата биле заедно и кога Исус ја воскреснал Јаировата ќерка, а близу до Исус биле и кога тој се молел во Гетсиманската градина непосредно пред страдањата. Исус му укажал посебна чест кога на Тајната вечера го седнал до него и токму нему го претскажал предавството на Јуда. Кога Исус кажал дека ќе биде предаден од еден од апостолите само Јован се осмелил да го праша кој ќе биде тој што ќе го предаде. Кога Исус бил фатен сите ученици се разбегале само Јован одел по него и додека го воделе кај првосвештениците и подоцна кон Голгота.

Евангелието по Јован започнува со зборовите: „Во почетокот беше Слоовото и Словото беше во Бога и Бог беше Словото.” (Јован 1:1) Ова евангелие е многу поразлично од другите три, како според материјалот што го вклучува, така и според неговата обработка. Исус е претставен како месија уште од самиот почетокСпоред божјата волја доживеал длабока старост.