„Раката што дава, не се суши!“ Полица со бесплатен леб во Чаир

ИЗВОРСкопје24
|

Полица со бесплатен леб во Чаир

На влезот на улицата „Џон Кенеди“ во општина Чаир двајца сопственици на една компанија покренаа хуманитарна акција. Делат бесплатен леб за сите оние кои немаат можност да купат. Пред нивниот дуќан поставија полица на кој пишува „Бесплатен леб за сиромасите“, објави ТВ 21.


Во Чаир е поставена полица каде сиромашните можат да земат бесплатен леб. Во текот на денот се поделуваат околу 100 векни леб, се наведува во телевизискиот прилог.