Конечно откриено: Еве колку поени и даде македонската публика на српската претставничка на Евровизија

ИЗВОРСкопје24
|

Во саботата заврши 64-то издание на Евровизија кое се одржа во Тел Авив, Израел.

Тамара Тодевска не претстави со песната „Proud“ и го освои осмото место.

Додека пак српската претставниучка Невена Божиќ го освои 17-то место.

Деновиве често се пишува дека македонското жири не и даде поени на српската претставнича, а дека српското жири на Тамара и додели 12 поени.

Сега конечно е откриено колку поени добила Невена од македонската публика.

Како што пренесува „Блиц“, Невена од гласовите на македонската публика добила 10 поени.

Невена 10 поени доби и од Словенија, Хрватска и даде осум поени, Швајцарија седум, Австралија 4 и Русија 3 поени.

Тијана Дапчевиќ кога ја дочека сестра си од Евровизија, ја искоментира одлуката Македонија да не додели ни еден глас на Србија, за што Србите се налутија.

– До бескрај е погрешно што Македонија не даде глас на Србија. Морам да кажам дека сум разочарана, седуммина биле во жири, вели Тијана за „Премиера Викенд Специјал”.

Меѓу останатото српската претставничка по нејзиниот настап си отвори душата и ги откри свои впечатоци.

Таа е задоволна од своето претставување на Евровизија, а посебно и е драго што се нашла на исто место како и Мадона.

„Среќна сам што Мадона настапуваше на Евровизија. Бевме присутни додека даваше интервју и имаше убави совети за сите учесници“ вели Невена за Курир, па го прокоментира настапот и нашата претставничка Тамара Тодевска.

„На Тамара и посакувам се најдобро, имаше одличен настап. На Евровизија ништо не ме изненадува, посебно кога станува збор за гласањето, не знам кои се критериумите“ вели Божовиќ.

Невена ја претставуваше Србија со песната „Круна“ и го освои 17-то место.