Актерот Сашо Тасевски се огласи на социјалните мрежи во врска со изјавата дека многу побитно е да се настапува на Евровизија отколку да се купат нови амбулантни возила. Неговиот став го пренесуваме во целост во продолжение:
„Го*на едни, до нови амбулантни возила ви дошло!
Пари за Евровизија да нема! А фино ви беше три дена ко на дрога од нашиот успех на таа Евровизија. Таа го продолжува животот, а не ново амбулантно возило. И онака сите ќе ум*еТЕ. Ама Евровизија… Ех, за неа вреди да се ум*е и млад. Некако те понесува и те прави силен и паметен. Одма ти паѓа на памет да направиш дупепоказна парада, да го поскапиш бензинот или билетот за у зоолошка градина. Притоа фрлаш клетва на сите твои земјаци во странство, да не се вратат, за да можеш сам да уживаш во евровизискиот севселенски и историски успех.
Само една маана има таа Евровизија. Автентична ШвеЏанка више не можеш да видиш. Онаква блонди, малце пегава на јагодиците со плаво око, висока и витка ѓоа газела. Уствари автентична жена не можеш да видиш. Се извинувам. Северномакедонскиов ми е стварно срање. Не е ШвеЏанка, туку ШвеЃанка“, напиша Тасевски на Фејсбук.
Гомна едни, до нови амбулантни возила во дошло!Пари за Евровизија да нема! А фино ви беше три дена ко на дрога од…
Gepostet von Sasho Tasevski am Montag, 20. Mai 2019